Архива на СП

ВИДЕО | Андоновиќ: Се отвора најдолгиот фронт меѓу НАТО и Русија- Попречувајќи ја Украина ги принуди неутралните Финска и Шведска да влезат во НАТО

Финските власти објавија дека ќе се приклучат на Северноатлантската алијанса со што ставија крај на воената неутралност на нивната земја која датира од 1948 година.

Причина за ова е руската воена инвазија врз Украина што ги подгреа стравувањата на овие две нордиски држави кои го имаат неутралниот статус да побараат заштита од НАТО. Ова практично значи дека сакајќи да ја демилитаризира и да ја принуди Украина да се откаже од барањата за влез во НАТО, практично ги разбуди амбициите на Шведска и Финска да побараат членство во Алијансата. Овие две држави успеаја да останат неутрални и за време на Студената војна и воедно преставува историско прекројување на безбедносната мапа на Европа.

Со влезот на Финска и Шведска во НАТО , границата помеѓу Русија и Алијансата ќе се зголеми за 1.300 километри.

Ваквата одлука предизвика гнев и негодување на Москва, од која веќе пристигнаа предупредувања, но и закани за оваа скандинавска земја поради нејзините аспирации да стане членка на Алијансата. Оваа одлука ќе биде официјализирана на самитот на НАТО во јуни годинава, а Финска и Шведска би можеле да станат полноправни членки само кога членките на сите 30 земји ќе ја ратификуваат оваа одлука.

Москва веќе предупреди дека поради тоа ќе преземе одредени чекори, а оваа тема се актуелизираше во Русија иднетично како и војната во Украина.

Некои руски воени аналитичари анализираат како Москва би можела да реагира, како и што треба да направи Русија во случај Финска да се приклучи кон НАТО.

Многумина воени аланлитичари сметаат дека на Руската Федерација ќе ѝ бидат потребни 5-7 години и многу пари за да распореди одржлива воена инфраструктура заснована на сили за општа намена во оваа насока за да се спротивстави на новата закана.

Особено се предупредува дека по влезот во НАТО, на територијата на Финска НАТО може да распореди високо софистицирано оружје, вклучително и тактичко нуклеарно оружје.

Згора на тоа, ситуацијата е комплицирана од фактот што локалните фински националисти имаат територијални претензии кон Русија. Овие тврдења се уште не се официјализирани, но тие можат да бидат поднесени во секое време. Во исто време, Русија нема доволно сили за општа намена во оваа насока за веднаш и брзо да се спротивстави на ударот сметаат дел од експертите

Оттаму и опциите дека за Русија да се одбрани ќе мора да ја промени воено-стратешката ситуација, со пренесување на тактичко нуклеарно оружје на трупите на Западниот воен округ и Балтичката флота, велат руски воени алалитичари.

Изјавата на финскиот врв за влез на земјата во НАТО е радикална промена на надворешно-политичкиот курс. Русија ќе биде принудена на реципрочни чекори од воено-техничка и друга природа за да ги елиминира заканите поради влезот на Финска и Шведска во НАТО, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот