
ВИДЕО | Андоновиќ: Русија е технички подготвена за нуклеарна војна!
Руските сили уништија 14 украински беспилотни летала во регионите Белгород и Курск на границата со Украина, соопшти утрово Министерството за одбрана во Москва.
Препорачано
– Синоќа се спречени обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади со дронови на локации на територијата на Русија – се наведува во соопштението.
Се наведува дека над регионот на Белгород се уништени 11 беспилотни летала, а над Курск три борбени беспилотни летала.
Во средата, десетици украински беспилотни летала гаѓаа повеќе руски региони, особено локациите на енергетската инфраструктура, еден ден по првиот масовен напад.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот дека неговата земја е технички подготвена за нуклеарна војна доколку се загрозени нејзината државност, суверенитет или независност.
Во пресрет на претседателските избори, кои во Русија ќе се одржат од 15 до 17 март, Путин изјави дека сценариото за нуклеарна војна не значи „забрзување“ на работите и дека не гледа потреба од употреба на атомско оружје во Украина, но нагласи дека руските нуклеарни сили се во целосна готовност и дека се „подготвени од воено-техничка гледна точка“.
Тој исто така рече дека на САД им е јасно дека ако нивните војници бидат распоредени „на руска територија или во Украина“, Русија ќе го смета тој потег за воен напад.
– Во САД има доволно експерти во областа на руско-американските односи и во областа на стратешкото војување – рече Путин.
Инаку рускиот претседател Путин уште од почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година постојано зборува за неговата подготвеност да користи нуклеарно оружје. Претходната таква закана дојде за време на неговиот говор за состојбата на нацијата минатиот месец, кога го предупреди Западот дека продлабочувањето на нивните учеството во борбите во Украина би претставувало ризик од нуклеарна војна.
Путин во пресрет на изборите закажани во недела на кои е извесно дека ќе биде реизбран, ги повика граѓаните, вклучително и гласачите во анектираните делови на Украина, да се обединат во одредувањето на иднината на Русија.
Седумдесет и едно годишниот Владимир Путин, кој е на власт како претседател или премиер од 2000 година, се соочува со тројца предизвикувачи во трите дена предвидени за гласањето, почнувајќи од петок.
Никој од предизвикувачите во својата предизборна кампања не ја критикуваше неговата досегашна политика и сите тројца ја поддржуваат „специјалната воена операција“ во Украина.