
ВИДЕО | Андоновиќ: Масовни протести во Белград, барањата на студентите не се исполнети
Десетици илјади луѓе се собраа на повик на студентите од белградските факултети да побараат исполнување на барањата да се дознаат деталите за несреќата во Нови Сад каде во падот на натстрешница во Нови Сад на почетокот на ноември загинаа 15 лица.
Препорачано
Студентскиот бунт во Србија, еден од најголемите во последните децении, започна со блокадата на Факултетот за драмски уметности во Белград, а потоа се прошири на повеќе од 50 факултети низ целата земја.
На протестот одржан на белградскиот плоштад „Славија“ им се придружија земјоделци, медицински работници, актери, уметници и жители на Белград и околните градови.
Додека претставниците на властите во Србија тврдат дека ги исполниле сите барања на студентите, тие не мислат така.
Велат дека ниту едно нивно барање не е исполнето во целост.
Студентите, меѓу другото, бараат да се објави комплетната документација поврзана со падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Иако на веб-страницата на Владата се објавени 195 документи, тие тврдат дека ги има повеќе од 800, а во објавените не се ни спомнати парични текови.
Градежниот факултет во Белград неодамна ја анализираше достапната документација објавена од властите и тврди дека недостасуваат клучни ставки.
Меѓу другото, проектна, градежна и договорна документација и договори и анекси на договори со подизведувачи, градежни дневници и инспекциски книги, сертификација и техничка документација.
По падот на натстрешницата, најмасовниот протест се одржа во Нови Сад на 5 ноември, кога илјадници луѓе излегоа на улиците, барајќи од правосудните органи детална истрага за трагедијата.
Сепак, протестите прераснаа во немири, по што неколку лица беа приведени.
Оттогаш протестите се проширија и беа масовни.
Истрагата на обвинителството е во тек, 13 лица се приведени, но во меѓувреме од притвор е пуштен Горан Весиќ, поранешниот министер за градежништво.
Во домашен притвор е и в.д. Јелена Танасковиќ. директор на Железничката инфраструктура на Србија.
По неколку недели оставка поднесе и Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија, кој беше министер за градежништво во периодот од 2020 до 2022 година.
Зградата на железничката станица во Нови Сад е изградена во 1964 година, а последниве години двапати е реновирана, со учество на повеќе компании.
Претставниците на властите веднаш излегоа со тврдења дека натстрешницата не е реновирана, а некои експерти го демантираат тоа.
По првата реконструкција на станицата во 2021 година, беше организирана церемонија на отворање, на која присуствуваа Александар Вучиќ, претседателот на Србија и Виктор Орбан, премиерот на Унгарија.
Во обид да го смири незадоволството во основните и особено средните училишта во Србија, Министерството за образование донесе одлука за предвремен зимски распуст.
Така, одморот за учениците од училиштата во Србија започнува на 24 декември и ќе трае до 20 јануари 2025 година, што е една недела подолго од планираното.
Целата анализа во видеото погоре во текстот