ВИДЕО | Анализа: Малку причини за оптимизмот на Мицкоски

Малку причини има за оптимизмот на Христијан Мицкоски, неговата теза за начинот на кој Македонија би чекорела на патот кон ЕУ, односно динамиката на преземањето обврски коишто се вметнати во преговарачката рамка, а се темелат на фамозниот Француски предлог и протоколите коишто беа потпишани со Бугарија, очигледно дека доживеа неуспех за време на дипломатската активност на Самитот на берлинскиот процес, вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

– Аналена Бербок многу пластично му објасни на нашиот премиер дека со актуелниот начин на донесување на одлуки во Европската Унија, тој не може да се надева на какви било промени. Затоа и иницијативата уставните промени да бидат донесени со времена клаузула е осудена на пропаст. Мицкоски имаше средба и со група  германски стопанственици што е одлична вест, доколку некој од нив инвестира во Македонија, но тоа нема допирни точки со обидот тој да ја пробие блокадата на патот кон ЕУ и да изнајде начин за отпочнувањето на преговорите – изјави Ивановиќ.

Целата анализа проследете ја на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот