Конгресменот Џон Ларсон ги загрижи колегите во Конгресот на САД/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Американскиот конгресмен се „здрви“ среде говор, колегите помислија дека има мозочен удар

Американскиот конгресмен од редот на демократите Џон Ларсон доживеа медицинска епизода среде својот говор во Конгресот, што предизвика загриженост меѓу колегите конгресмени.

76-годишниот демократски конгресмен од Источен Хартфорд, Џон Ларсон, беше среде петминутниот говор изразувајќи загриженост за социјалното осигурување кога одеднаш „се замрзна“, престана да зборува и почна да го тркала својот јазик во устата, постојано притискајќи го на внатрешноста на образот.

76-годишниот пратеник се обиде да продолжи, зборувајќи со побавно темпо и понизок тон, предизвикувајќи загриженост дека можеби доживеал мозочен удар.

Во понеделникот вечерта, претставник на Ларсон откри дека тој всушност претрпел „можеби несакана реакција на нов лек“.

„Конгресменот Ларсон ги цени добрите желби од сите што го контактирале. На него од превентивни причини му се вршат прегледи од страна на матичниот лекар во Конгресот“.

Портпаролот рече дека, и покрај неговиот загрижувачки изглед за време на неговиот говор, Ларсон продолжил да учествува на „различни состаноци во неговата канцеларија и бил буден и целосно функционален“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот