
ВИДЕО – Алонсо проговори по несреќата: Среќен сум што сум сè уште тука…
На Ф1-трката за големата награда на САД ветеранот доживеа несреќа, но, куртули па дури и помина низ целта, но вели дека стравот се уште му е во коските
Фернандо Алонсо вели дека сè уште ги чувствува последиците од неговата застрашувачка несреќа со Ленс Строл на трката за Големата награда на САД минатиот викенд.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Автомобилот на Алонсо беше лансиран во воздух откако удри во задниот дел на автомобилот Строл со голема брзина.
Двократниот шампион имаше многу среќа да избегне поголем контакт со бариерите и за чудо можеше да ја продолжи трката, па стигна до седмото место. Но, казната изречена по трката го остави без пласман.
The moment everyone is talking about ?
Incredible effort from Fernando to carry on racing after this ?
?@F1 #USGPpic.twitter.com/89pFjbwGIt
— BWT Alpine F1 Team (@AlpineF1Team) October 24, 2022
Инцидентот го оставил 41-годишниот Алонсо многу потресен, а по трката тој изразил олеснување што избегнал сериозна повреда.
– Среќен сум што сум овде и разговарам со вас бидејќи можев да бидам во болница. Кога бев во воздух, бев малку исплашен бидејќи беше многу опасно. Кога слетав на асфалтот, мислев дека е завршена трката… Тоа беше мојата најдобра трка во сезоната, но стравот се уште ми е во коските. По падот, не можев да престанам да размислувам за тоа до крајот на трката. Само сакав да ја завршам трката – ги опиша Алонсо своите чувства во разговор со една шпанска телевизија.
На ГН на САД во Остин победи Макс Верстапен, втор беше Луис Хамилтон, а трет Серхио Перез.