Фото: Ittihad Club

ВИДЕО | Ал Итихад го претстави Канте: Не слушајте лажни вести

Французинот Н’Голо Канте и официјално беше претставен како нов фудбалер на Ал Итихад од Саудиска Арабија.

Канте така се придружи на својот сонародник, Карим Бензема кој претходно потпиша за овој клуб и тоа за договор три години од кој заработува по 200 милиони евра по сезона.

Се најавуваше дека Канте ќе добие договор за 100 милиони евра по сезона, но клубот објави и детали од договорот, па така играчот за врска ќе има договор кој вкупно вреди 100 милиони евра. Канте потпиша до 2027 година и ќе добива 25 милиони евра за секоја сезона.

Ал Итихад на интересен начин го претстави Канте, објавувајќи видео со опис:

„Не слушајте лажни вести. Канте е нов играч на Ал Итихад“, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот