Фото: COLUMBIA PICTURES - Album / Album / Profimedia

ВИДЕО | Адвокатот одбил да го застапува: Осомничениот за убиството на Тупак Шакур се изјасни пред судот

Дуан „Киф Д“ Дејвис, осомничениот за убиството на познатиот рапер Шакур Тупак, вчера се појавил на суд и се изјаснил, рекол дека не е виновен, односно дека не учествувал во организирањето на пукањето во близина на Лас Вегас во 1996 година, што довело до трагичен исход.

Поранешниот водач на улична банда во Јужна Калифорнија, Дуан „Киф Д“ Дејвис е единствениот преживеан од возилото што го застрела легендарниот Шакур Тупак и единствениот кој некогаш бил обвинет за убиството на раперот. Тој стоел пред судијата со окови.

Го застапувале јавните бранители Роберт Аројо и Чарлс Кано. Осомничениот одговарал на кратки прашања и рекол дека посетувал една година на факултет, дека не бил под дејство на дрога, лекови или алкохол, како и дека сфатил дека е обвинет за убиство, пишува „Дејли мејл“.

Осомничениот за убиството на Тупак, Дуан „Киф Д“ Дејвис се појавил пред судот на 19 октомври, но судењето било одложено по вторпат, бидејќи адвокатот одбил да го застапува на ова рочиште.

Дуан Дејвис се појавил во судницата само неколку секунди откако неговиот адвокат рекол дека не е сигурен дали повеќе ќе го застапува. Судијата морал да го одложи судењето за две недели. „Киф Д“ минатиот месец беше обвинет дека е поврзан со убиството на познатиот рапер Шакур Тупак и дека имал поддршка од банда.

Осомничениот е во затвор откако беше уапсен во близина на неговиот дом во Лас Вегас. Во судницата го донеел врзан со синџири. Довчерашниот негов адвокат му рекол на судијата дека му требаат две недели за да размисли дали ќе продолжи со случајот или не.

На почетокот на месецов судењето беше одложено бидејќи адвокатот на обвинетиот, кој тој ден не бил во судницата, побарал одложување за две недели.

Шакур Тупак имаше 25 години кога беше убиен на 7 септември 1996 година во неговиот автомобил во близина на Лас Вегас. До неговиот автомобил застанал бел кадилак и почнало пукањето. Кобната средба се случила само неколку часа по тепачката во МГМ Гранд, во која учествувале две банди од Комптон, Калифорнија.

Станува збор за бандите Mob Piru Bloods и South Side Compton Crips, чиј член бил Дејвис, кој е обвинет за организирање на пукање од одмазда, иако можеби тој самиот не го повлекол чкрапалото, тврдат надлежните органи.

Дејвис претходно признал дека бил во кадилакот во моментот на пукањето. Полицајците рекле дека дури и ако Дејвис не пукал, тој е тој што наредил да се пука во Тупак. Тој беше обвинет и за набавка на оружјето со кое е извршено убиството. Доказите за неговата вмешаност во злосторството се дознаа во 2018 година.

Тупак Шакур конечно добива своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

ФОТО | 30 години по неговата смрт, Тупак конечно доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот