Адвокатот Јовица Страшевски

ВИДЕО | Адвокатот на Палевски: На Кешишев не може да му се верува

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, кому му се суди за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски денеска во изјава за медиумите негодуваше што неговиот клиент Љупчо Палевски беше отстранет од судницата, на барање на Кешишев. Причината што ја наведе Кешишев беше дека му е страв од Палевски а судот ја прифати.

-Кешишев никогаш немал страв од Палевски. Си прави драма, онака како што му е посочено да кажува, така прави. Ова е сценарио и уште еден циркуз во судењето, за да продолжи циркузот, рече адвокатот на Љупчо Палевски, Јовица Страшевски.

Страшевски вели дека и Велибор Манев и Боре Видевски се нелогични. Судот реши да го уважи барањето на Кешишев и да го отстрани Палевски од судницата за време на испрашувањето на Кешишев, со образложение дека Палевски му влијаел претходно на Кешишев и во негово присуство тој не би можел да ја зборува вистината.

-Кажуваат и двајцата дека ем биле таму, ем ништо не виделе. Како можеш да бидеш присутен а ништо да не видиш? Едниот дава еден исказ, другиот друг исказ. Јавно се гледа дека се монтирани и двајцата и дека зборуваат она што некој им го наметнал. Не може ни вие како јавност, ниту судот да поклонува верба на изјавата на Кешишев и на неговиот адвокат која е лажна. Имаме директор на затворот Скопје кој кажа дека е невозможно ни во комбе ни во затворот да се подаде некакво ливче. Бидејќи истите лица се максимално обезбедени, ставени се сами во самица, ги носат повеќе чувари. Ова е една лага а Кешишев треба самиот да се погледне и да каже што е вистината, рече Страшевски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот