
ВИДЕО | 23 хаварисани возила од депото на „Градски паркинг“ претворени во старо железо
Службите на ЈП „Градски паркинг“ во соработка со Инспекторатот на Град Скопје, спроведоа акција за отстранување на хаварисаните возила лоцирани во депото на Сектор Пајак, во согласност со Законот за управување со дополнителни текови на отпад.
Препорачано
Во депото подолг временски период се носеа хаварисаните возила кои претходно, во неколку спроведени акции, беа отстранети од јавните површини на територија на Град Скопје и од површини со кои стопанисува претпријатието. Од „Градски паркинг“ информираат дека нивниот број драстично се зголемил, од причина што нивното одлагање во депото на започна пред повеќе од 15 години.
Врз основа на законските регулативи и акти на претпријатието, ЈП „Градски паркинг“ склучи договор со колективен постапувач и започнувајќи од минатата недела, отстранети се вкупно 23 отпадни возила, од вкупно 70, лоцирани во депото на Сектор Пајак. Истовремено, истакнуваме дека претпријатието работи на акционен план за отстранување на околу 100 возила кои узурпираат јавни површини на територија на Град Скопје, како и на паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – информираат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека на овој начин ќе се ослободи просторот кој со децении е зафатен од возила кои не се во возна состојба, а истовремено се заборавени од нивните сопственици.
&;