Ана Митреска
Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска / Фото: Народна банка на Република Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Монетарната политика  е оценета како навремена и соодветна

„Народната банка е во групата ретки земји коишто започнаа со нормализација на монетарната политика, уште од крајот на минатата година преку постепено повлекување ликвидност. Меѓународните финансиски институции потврдуваат дека реакцијата на нашата централна банка на инфлацијата е навремена и соодветна, впрочем да не беше така, немаше да се квалификуваме ниту за Кредитната линија за претпазливост и ликвидност на ММФ”, посочува вицегувернерката Ана Митреска во интервју за „Блумбeрг Адриа”.

Таа вели дека како резултат на затегнувањето на монетарната политика, веќе се забележува умерен нагорен тренд кај каматните стапки на новоодобрените кредити и новопримените депозити, додека за кредитирањето не се очекува намалување, но се очекува забавување на растот.

„Каматната стапка започнавме да ја зголемуваме уште пред да започне тоа да го прави Европската централна банка и посилно отколку кај нив. Презедовме низа други мерки во делот на задолжителната резерва за поттикнување на денаризацијата, меѓутоа и во делот на зајакнување на капиталните барања за банките”, вели Митреска и посочува дека монетарната реакција на шоковите е оценета како соодветна од страна на меѓународните финансиски институции, како и дека ако не било така, земјата не ќе можеше да се квалификува за аранжманот ПЛЛ на Меѓународниот монетарен фонд.

Ефектите од монетарната политики веќе се видливи преку умерено зголемување на каматите на новоодобрените кредити и новопримените депозити, особено на денарските, согласно со мерките преземени од страна на централната банка за поддршка на штедењето во денари.

„Монетарните сигнали се пренесуваат со одредено временско задоцнување, што значи дека веројатно ќе следи одредено приспособување на каматните политики и во следниот период. Во однос на кредитирањето, не очекуваме намалување, меѓутоа очекуваме забавување на растот, со оглед на тоа дека функционираме во еден неизвесен контекст, што ќе придонесе за умерено намалување на склоноста за задолжување, во услови на затегање на финансиските услови”, посочува Митреска и додава дека „од друга страна, банкарскиот систем е во добра кондиција и може да поддржи кредитен раст, па затоа со последните макроекономски проекции на Народната банка се очекува не намалување, но забавување на кредитниот раст, односно оваа година некаде до 9,2%, а следната година околу 7% на годишна основа.”

Кабинет на гувернерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот