Фото: Rukometni savez Srbije

Ветеранот Илија Абутовиќ објави крај на репрезентативната кариера

Поранешниот ракометар на Вардар, а денес член на Еурофарм Пелистер, Илија Абутовиќ објави крај на репрезентативната кариера.

Абутовиќ се прости од националниот дрес пред почетокот на првиот квалификациски натпревар за Европското првенство во 2026 година против Летонија кој заврши со победа на Србија од 38:25.

Во репрезентативната кариера 36-годишниот Абутовиќ собра 55 настапи во кои постигна 22 погодоци.

„Сонував да играм за репрезентацијата од најмладите ракометни денови и на крајот тој сон стана реалност. Голема чест, но и одговорност беше да се носи националниот дрес. Благодарен сум до сите соиграчи, тренери, членови на стручниот штаб, медицинскиот тим и сите кои беа дел од ова неверојатно патување. Продолжувам да бидам еден од најголемите навивачи на Србија“, изјави Абутовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!