Вештаците што тврдат дека органите на Јалдз Веапоска се извадени со лекарска грешка – добија кривична пријава

Мухамед Асани, Блертон Асани и Лилјана Јовановска,  тројцата гинеколози од струшката болница обвинети за несовесно лекување болни откако на Јалдз Веапоска ѝ беа извадени матката, јајникот и бубрегот, и вчера куртулија од продолжение на судскиот спор што се води против нив. Судењето се одложи зашто доктор Блертон Асани доставил документ оти мора да оди во тетовската болница каде се изведувала интервенција врз негово блиско лице.

Судијата Јордан Јованов освен ова, доби уште едно барање за одложување – затоа што била поднесена кривична пријава против главното лице од тимот што го изготви супервештачењето а кое очигледно оди во прилог  на Веапоска бидејќи одбраната на обвинетите го оспоруваше. Кривичната пријава била зашто супервештачењето го направиле гинеколози што работат во приватното здравство. Судијата рече дека тоа е посебна постапка и нема да го одложи тековното судење поради неа. Веапоска смета дека се користат сите техники предметот да застари. Тоа ќе се случи во 2026 година. Судскиот процес за Веапоска почна во 2022 година. Три пати почнуваше од почеток поради менување на судиите што во водеа процесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот