Вештачка интелигенција/ Илустрација: Пиксабеј

Вештачката интелигенција треба да се користи разумно

Разумно и ограничено да се консултира вештачката интелигенција, препорачуваат познавачите, кои посочуваат дека покрај придобивки има и многу ризици. Лани 13 отсто од македонските граѓани го користеле „Четџипити“

Што да облечам денеска? Каков ден ќе имам на училиште или на работа? Каква диета ми препорачуваш? Оа се само дел од прашањата упатени кон виралниот „Четџипити“. Наместо сопствен став или совет од стручно лице, од него се бараат консултации за користење лекови, препораки за диети, средства за одржување хигиена… Вакви прашања добива секојдневно алатката на вештачката интелигенција „Чат-ЏПТ“ од корисници од земјава, објави МРТ.

Вештачката интелигенција е личен асистент што треба да се користи разумно, вели професорот од ФИНКИ, Иван Чорбев. Се очекува вештачката интелигенција да напредува во лингвистичките операции, во рана дијагностика и совети за лекарите, да обезбеди адаптирани образовни алатки за секој ученик или студент. Но, има и ризици. Преку образованието и обуки на учениците и на наставниците се развива свеста за разумно и ограничено користење на вештачката интелигенција.

– Луѓето мора да ја задржат онаа базична писменост, да умеат да напишат барем параграф, или една страничка текст, без да им се сервира готово, бидејќи ако станеме презависни од ВИ, има ризик од губење на креативноста кај луѓето и особено губење на можноста за критичко размислување – додава Чорбев.

– Треба да се биде многу внимателен бидејќи станува збор за ресурс, односно за медиум – објаснува Кирил Барбареев, универзитетски професор.

Некритичкото користење без познавање на областа, коригирање и дополнување, може да не претвори во копирачи на она што ни се сервира.
Според ланската анкета на „Балкан барометар“, 13 отсто од македонските граѓани го користеле „Четџипити“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот