
Вештачката интелигенција предвидува срцев удар до 10 години во иднина: Може да спаси илјадници животи годишно
Вештачката интелигенција (ВИ) може да се користи за да се предвиди дали некој ќе доживее срцев удар во следните 10 години, покажа студија на Универзитетот Оксфорд. Оваа технологија би можела да спаси илјадници животи, но и да го подобри третманот на пациентите, веруваат научниците, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Студијата, спонзорирана од Британската фондација за срце (BHF), истражуваше како паметна машина може да ја подобри точноста на компјутеризираната томографија (КТ) на срцето, која се користи за откривање на тромб или стеснување во артериите.
AI could predict heart attack risk up to 10 years in the future, finds Oxford study https://t.co/v2ZGvCLw6T
— Guardian news (@guardiannews) November 13, 2023
– Нашето истражување покажа дека некои пациенти кои доаѓаат во болница со болки во градите, а потоа лекарите ги охрабруваат и ги испраќаат дома, имаат висок ризик од срцев удар во следните 10 години, дури и ако нема трага од болест во нивните артерии – изјавил за „Гардијан“ проф. Караламбос Антонијадес, шеф за кардиоваскуларна медицина на BHF и директор на Центарот за акутна мултидисциплинарна слика и интервенција во Оксфорд.
– Покажавме дека прецизното снимање може да го промени и подобри третманот на многу срцеви пациенти – додаде тој.
Истражувачите анализирале повеќе од 40.000 пациенти кои редовно правеле КТ на срцето во осум британски болници, а потоа ги следеле во просек 2,7 години.
Вештачка интелигенција била тестирана на дополнителни 3.393 пациенти во текот на осум години и била во можност точно да го предвиди ризикот од срцев удар.
– Се надеваме дека оваа алатка со вештачка интелигенција наскоро ќе се имплементира и во други болници, дека ќе помогне да се спречат илјадници смртни случаи од срцев удар – рече Антонијадес.
Професорот Нилеш Самани, медицински директор на BHF, рече дека ова истражување ја покажува вредноста на технологијата базирана на вештачка интелигенција во идентификувањето на оние кои се изложени на најголем ризик од срцев удар.