Фото: EPA-EFE/Siu WU

Верстапен до пол-позиција во Шпанија

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен утрешната трка за Големата награда на Шпанија ќе ја започне од пол-позицијата. Холанѓанецот денес беше најбрз со време од 1.12.272.

Денешните квалификации беа неизвесни со многу изненадувања кои во главно беа негативни.

Трката започна со брзо црвено знаменце откако Ботас заврши на страна од патеката, дождот им правеше сериозни проблеми на возачите.

Видовме еден неверојатен дуел помеѓу Луис Хамилтон и Џорџ Расел во кој помладиот возач на Мерцедес направи штета на двете возила. Пред последниот круг тој се обиде да вози што можно побрзо за пласман во Q3, но не успеа.

Верстапен не беше често во кадарот, но сосема заслужено и рутински го постави најдоброто време пред Карлос Саинц и Ландо Норис.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот