верски лидери потпишување Декларација/Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Верските лидери ќе соработуваат против насилниот екстремизам

Лидерите на верските заедници од земјава потпишаа Декларација против насилен екстремизам. Иницијативата е на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОЗРГ).

верски лидери потпишување Декларација/Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

Потписници на Декларацијата се архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, реисот на Исламската верска заедница Шаќир еф. Фетаху, скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква Марјан Димов, претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, како и директорката на КОЗРГ Оливера Трајковска и директорот на МЦМС Александар Кржаловски.

верски лидери потпишување Декларација/Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

„Ние потписниците на оваа Декларација, верски лидери и претставници на признатите верски заедници во Република Северна Македонија, собрани во духот на взаемна почит и водени од чувството за заедничка одговорност, свесни за нашата улога за зачувувањето на општествениот мир, согласни сме со оваа Декларација како израз на заедничка определба за градење на достоинствен соживот и отпорност против насилниот екстремизам. Свесни дека Република Северна Македонија е заеднички дом на различни народи, култури и верувања, како и дека соживотот е вредност којшто постојано мора да се негува и штити.

Соочени со злоупотребата на верата како изговор за поделби и насилство, со сѐ почести форми на говор на омраза и процеси на радикализација кои водат до насилство и насилен екстремизам, со дезинформации, идеолошки наративи и пропаганда, што ја искривуваат суштината на верата и поттикнуваат недоверба“, стои меѓудругото во Декларацијата.

верски лидери потпишување Декларација/Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

На потпишувањето беше посочено дека верските заедници се меѓу клучните чинители за превенција и спречување на насилниот екстремизам, бидејќи нивното присуство и активностите со верниците можат да бидат од голема полза во зајакнувањето на заедниците како целина.

верски лидери потпишување Декларација/Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот