архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Верските лидери ќе потпишат декларација против насилниот екстремизам

Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОЗРГ), денеска верските лидери во земјава ќе потпишат Декларација против насилен екстремизам.

Како што стои во соопштението на МЦМС, верските заедници се меѓу клучните чинители во превенцијата и спречувањето на насилниот екстремизам, бидејќи присуството и активностите со граѓаните кои положуваат доверба кон нив, можат да бидат од голема полза во зајакнувањето на заедниците како целина.

– Нивното присуство во заедниците, активностите со граѓаните/верниците, довербата која граѓаните ја имаат во нив можат да бидат од голема полза во зајакнувањето на заедниците како целина и успешно спротивставување на овој феномен. Ова беше мотивот за иницирање на потпишувањето на оваа декларација која веруваме ќе ги зајакне напорите во превенирањето и борбата против насилниот екстремизам – се вели во соопштението.

Декларацијата ќе ја потпишат архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, реисот на Исламската верска заедница Шаќир еф. Фетаху, скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква Марјан Димов, претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска и директорот на МЦМС Александар Кржаловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот