Трамп и Венс - ЕПА

„Гардијан“: Венс сакал да го смени Зеленски по кавгата во Белата куќа, Залужни му го одбил телефонскиот повик

Поранешниот командант на украинските вооружени сили, а сега украински амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, одбил телефонски повик од американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој сакал да му понуди поддршка за местото претседател на Украина, објави „Гардијан“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Повикот следел само неколку дена по остриот судир меѓу претседателите на Украина и САД Володимир Зеленски и Доналд Трамп во Белата куќа на 28 февруари. Тимот на Венс наводно сакал да испита кој би можел да го замени Зеленски на чело на државата.

Залужни одбил да разговара со Венс откако се консултирал со претседателскиот кабинет во Киев. Според извор близок до него, одбивањето било „принципиелен став“ и јасен сигнал за украинско единство.

Иако Залужни ужива голема популарност во јавноста и во армијата, тој постојано нагласува дека додека трае војната не размислува за избори. Анкети сепак покажуваат дека би можел да биде главен ривал на Зеленски доколку се кандидира за претседател.

Генералот, според „Гардијан“, неодамна му кажал на шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, дека доколку влегува во политиката, тоа ќе му го соопшти прво нему, приватно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот