Џеј - Ди Венс, потпреседател на САд/Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER / POOL

Венс: САД не планираат да ја признаат палестинската држава

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека САД не планираат да ја признаат палестинската држава, пренесе Би-Би-Си.

„Немаме планови да ја признаеме палестинската држава. Не знам што навистина би значело да се признае палестинска држава со оглед на отсуството на функционална влада таму“, изјави Венс пред новинарите.

Тој додаде дека Трамп е многу јасен во врска со своите цели, што сака да постигне на Блискиот Исток и ќе продолжи да го прави тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот