Раст на цените на нафтата / Илустративна фотографија: ЕПА

Венецуела го зголеми извозот на нафта во Кина

Венецуела го зголеми извозот на нафта и нафтени производи во јуни, бидејќи загубата на американските и европските пазари беше компензирана со повисоки испораки во Кина, покажаа вчера податоците на превозните компании и документите на државните компании.

Вкупно 27 танкери ги напуштија територијалните води на Венецуела во јуни, носејќи просечно 844.000 барели нафта и нафтени производи дневно и 233.000 тони нуспроизводи и петрохемикалии, покажаа податоците. Ова значи дека венецуелскиот извоз на нафта и нафтени производи се зголемил за осум проценти во споредба со мај.

Во мај, Венецуела извезуваше просечно 779.000 барели нафта дневно и 329.000 тони нуспроизводи и петрохемикалии. На крајот на мај, Вашингтон одзеде група лиценци што им дозволуваа на партнерите на венецуелската државна нафтена компанија PDVSA, вклучувајќи ги американската „Шеврон“ и шпанската „Репсол“, да испорачуваат нафта и гориво до американските и европските рафинерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот