
Венчаница како ремек-дело: Пристигнаа првите фотографии од луксузната холивудска свадба на Чемпион и Шварценегер
Моделот Аби Чемпион и актерот Патрик Шварценегер, се венчаа на почетокот на септември во идиличниот Кјер д’Ален во Ајдахо, а сега пристигнаа и првите фотографии од романтичната прослава.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

Во преден план е венчаницата на невестата, која го привлекува вниманието со своите ефективни детали. Аби избра уникатна венчаница од Даниел Франкел – елегантен фустан од свила и волна со висока јака, длабоко изрез на грбот и свилен слој со рачно наликана постава.

Изгледот го надополни со ракавици од тил, краток превез, дијамантски обетки и бисерен прстен.
„За мене, венчаницата беше клучна. Бидејќи се занимавам со мода, сакав да соработувам со некој што го разбира мојот сензибилитет. Даниел беше совршена“, изјави невестата за Vogue.

Патрик, од друга страна, чекаше под цветниот лак во црн смокинг дизајниран од Хајдер Акерман за модната куќа Том Форд. Тоа е прв пат американскиот моден бренд да претстави свадбена комбинација под негов дизајн.
Љубовната приказна на Чемпион и Шварценегер започнала во 2015 година во Лос Анџелес, кога се запознале преку заеднички пријатели. „Покани неколку свои пријатели во бар, веднаш почувствувавме поврзаност, разменивме броеви и сè започна“, се присети Аби.
Осум години подоцна, Патрик ѝ предложил брак за време на утринска прошетка на плажата во Санта Моника, а романтичниот момент бил обележан со срце од рози исцртано во песокот.