Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Велешанец е прегазен од „Голф“ во Штип, има тешки повреди

37-годишен жител на Штип вчера бил прегазен од возач на автомобил во градот, по што е пренесен во болница со тешки повреди, соопшти МВР.

„На 15.09.2025 околу 14:10 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(53) од Штип, удрило во пешакот Д.В.(37) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот