Вечерва во Капиштец – На одмор сум, во Центар сум!

Општина Центар ги кани сите мали и големи жители на заедничко дружење и  авантура на отворено, вечерва  од 19 до 20:30 часот, во паркот во населбата Капиштец, кадешто ќе се одржи уште едно издание на манифестацијата „На одмор сум, во Центар сум“.

Настанот, кој се организира во соработка со издавачката куќа „Паблишер“, е наменет за деца од 2 до 8 години, но отворен за сите генерации. Целта е да се создаде инспиративен, безбеден и исполнет простор за дружење, игра и учење под отворено небо, во срцето на урбаниот Центар.

Во паркот во Капиштец децата ќе можат да учествуваат во креативни работилници, интерактивни игри, да бојадисуваат, да цртаат, да бараат изгубено богатство, да слушаат сликовници и да освојуваат награди. Гостуваат ликовите Стела и Сани, како и пантомимичарот и актер Мартин Јорданов од Театарот за деца и младинци кој ќе го води детскиот дел со многу смеа и енергија.

Во Центар веруваме дека секое дете заслужува квалитетно слободно време, исполнето со креативност, смеа и љубопитност. Преку вакви настани, градиме заедница која вложува во среќно детство и во човечки вредности. Дојдете вечерва во паркот во Капиштец, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот