
ВО ЖИВО: Доделување на регионалните награди за истражувачко новинарство, Мирослава Бурнс од „Слободен печат“ е меѓу добитниците
Регионалните награди за истражувачко новинарство за Западен Балкан и Турција, во организација на Европската унија, ќе бидат доделени доцна попладнево во Тирана, во рамките на Медиумската конференција за Западен Балкан.
Препорачано
Меѓу добитниците на награди годинава се шестмина новинари од Македонија, меѓу кои и новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс, за сторијата со родилката Јалдз Веапоска, која во Струшката болница отиде да се породи со царски рез, а лекарите по грешка ѝ извадија здрави органи: матката, јајниците и еден бубрег.
Доделувањето на наградите е закажано за 18:00 часот и тоа, како и сите други содржини од медиумската конференција во Тирана, може да се проследи во живо:
Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство е основана во 2015 година, со цел промовирање на извонредните достигнувања и поддршка на истражувачките новинари финансиски да ја поддржат нивната трудоинтензивна работа во влошените услови на медиумската економија на глобално ниво и особено во регионот. Со наградување на најдобрите достигнувања, наградата помага и за подобрување на видливоста на квалитетното новинарство во Западен Балкан и Турција и ја поттикнува младата генерација истражувачки новинари. Истражувачките стории кои се занимаваат со прашања како што се злоупотребата на моќта и основните права, корупцијата и организираниот криминал се во фокусот уште од почетокот на доделувањето на наградата.