Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Вчера биле казнети 338 возачи поради непрописно паркирање

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден за 796 учесници во сообраќајот издале платни налози, а биле наплатени 500 од нив.

Како што информираат од МВР, дури 338 од овие прекршоци се однесувале на неправилно паркирање, а во 145 случаи станувало збор за непочитување на пропишаната брзина на движење.

„Од друга страна пак по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и говорење на мобиен телефон при возење, евидентирани беа 50, односно 31 прекршок. Полициските службеници детектираа 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи, во четири случаи возачи минале на црвено светло, а во сообраќајот учествувале и 15 нерегистрирани возила“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот