Фото: ФФМ

Важни информации за натпреварот Македонија – Италија: Вратите на стадионот се отвораат во 16:30 часот

Македонската фудбалска репрезентција до 21 денеска од 18:15  часот ќе игра натпревар против селекцијата на Италија во квалификациите за Европското првенство во 2027 година.

Овој натпревар е прв во Битола на една репрезентација по пауза од три децении, па затоа и има интерес.

Се очекува реновраниот стадион „Петар Милошевски“ да биде исполнет до последното место.

Пред натпреварот ФФМ објави и важни информации, повикувајќи ги оние кои ќе присуствуваат навреме да бидат на стадионот.

„Ве повикуваме сите да пристигнете навреме и заеднички да ја поддржиме нашата репрезентација до 21 година!

Вратите се отвораат во 16:15 часот.

Ве молиме дојдете порано за да избегнете метеж и навреме да го заземете вашето место.

Лица ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот.

Подгответе ги однапред за побрз и полесен влез.

На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување.

Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност“

Понесете знаме, шал или дрес и сите заедно да го обоиме „Петар Милошевски“ во црвено-жолто и да бидеме вистинска поддршка за Македонија!

По три децении, една фудбалска репрезентација на Македонија денеска ќе одигра натпревар во Битола

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот