Асен Василев
Асен Василев / Фото: МИА

Василев најави дека неговата партија нема да поддржи влада на ГЕРБ

Копретседателот на бугарската политичка партија „Продолжуваме со промената” Асен Василев најави дека нема да учествуваат во преговорите со ГЕРБ за формирање нова влада на Бугарија. „Продолжувањето на промената” ќе остане конструктивна опозиција. Доколку вториот мандат за формирање нова влада на Бугарија оди на „Продолжуваме со промената”, Василев најави дека нивната партија ќе одржи состанок на националниот совет и потоа ќе ја соопштат својата одлука.

Во однос на желбата на преодната влада на Бугарија да предложи купување на користени авиони „Грипен”, според Петков, тие треба да бидат преземени од новоизбраното Народно собрание на Бугарија. Не е работа на преодната влада да носи толку важни одлуки во време кога веќе е формиран новиот парламент на Бугарија, коментира Петков.

Тој коментира дека нема притисок од амбасадата на САД во Бугарија за нивно учество во влада на ГЕРБ. Петков коментира дека не очекува раскол во „Продолжуваме со промената” доколку станува збор за создавање на евроатлантска влада создадена од ГЕРБ. Според него, евроатлантска влада значи влада без корупција.

Василев коментира дека ГЕРБ, ДПС и „Вазраждане” откако летото ја урнаа владата, сега имаат 130 пратеници во новото Народно собрание и можат заедно да владеат. „Продолжување на промената” нема да ја поддржи опцијата преодната влада на Бугарија да остане на редовна основа. Целта е Бугарија да има редовна влада за да ја преброди зимата, но „Продолжуваме со промената” ќе биде нејзина конструктивна опозиција. Предвремените избори во Бугарија не се добра одлука, изјави Асен Василев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот