фото: EPA-EFE/WU HAO

Васер ја поставува првата цел на Луис Хамилтон, а тоа е да се искачи на подиумот

Tимот на Ферари во Формула 1 јасно ја дефинираше следната цел за Луис Хамилтон откако Британецот покажа враќање во форма по летната пауза.

Шефот на тимот, Фредерик Васер, нагласи дека Хамилтон мора да го достигне својот прв подиум до крајот на годината.

Британецот заврши петти во квалификациите во Монца, но поради казна во Зандворт стартуваше дури од 10 позиција. Сепак, за време на трката успеа да се искачи до шестото место.

Со вкупно 202 подиуми во својата кариера, седумкратниот шампион никогаш немал сезона во која не забележал барем еден пласман на подиум, а Васер е уверен дека оваа година нема да се промени.

– Да, бидејќи можеше да се бори со Расел во Зандворт, можеме да се надеваме на подиум со него, тоа е нашата цел сега. Искрено, сè започна добро во Зандворт, иако резултатот од викендот не беше позитивен, темпото беше подобро од самиот почеток во споредба со Шарл Леклер – рече Васер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот