фото: Слободен печат/Методи Здравев

Вардар славеше во вечното дерби против Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Вардар 1961 го совладаа Еурофарм Пелистер со 31-28 во првото вечно дерби од новата сезона на Суперлигата. Натпреварот понуди возбудлива борба и драма, а дополнително беше обележан и со прекин во 23. минута поради инцидент меѓу навивачите, кога дел од „Чкембари“ влегоа во салата и запалија факел кој беше фрлен кон „Комити“.

Вардар подобро го отвори мечот и поведе со три разлика, а Пелистер остана без Борозан кој доби црвен картон по удар врз Кузмановски. Битолчани успеаја да се вратат и израмнија на 18-18 во вториот дел, но Вардар одговори со серија и ја врати предноста. Во завршницата голманот Валах блесна со одбрани, а Талески постигна клучен гол за победа.

Најефикасен беше Манасков со девет погодоци за Пелистер, додека кај Вардар се истакнаа Боно, Тузолана и Малус со по шест.

ВИДЕО | Прекин на дербито: Навивачи на Пелистер фрлија факел кон фановите на Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот