Река Вардар / илустрација / фото: архива

Вардар неделава многу надошол кај Велес, но нема опасност од излевање

По обилните и непрекинати врнежи од дожд во изминативе денови Вардар во Велес на мерното место кај Стар Мост денеска бил 160 сантиметри и е зголемено двојно споредено со пред една недела, но засега нема опасност од излевање, а за што е потребно покачување на нивото од критични над 250 сантиметри, информира за МИА Атанас Угрински од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Воедно информира дека вчера Вардар во Велес бил 152, а завчера во неделата бил 138 сантиметри, со што за два дена нивото на водата е зголемено за 22 сантиметри.

Инаку, за споредба на 26 март нивото на Вардар во Велес било 88, а наредниот ден на 27 март 86 сантиметри,а споредено со денешните 160 сантиметри е скоро двојно повеќе.

Просекот на нивото на Вардар во Велес за април е 111 сантиметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот