Вардар-Работнички/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар го доби скопското дерби со Работнички

Вардар ја продолжи победничката низа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), триумфирајќи над градскиот ривал Работнички со 3-1 (1-1) на Арената „Тодор Проески“.

Иако Работнички поведе рано и успеа да ги изненади „црвено-црните“ по само седум минути игра, кога Трајков му асистираше на Имери за водство од 0-1, избраниците на Гоце Седлоски израмнија во 40. минута, откако еден од играчите на Работнички играше со рака во својот шеснаесетник, судијата досуди пенал за Вардар кој го реализираше Давид Бабунски.

На стартот на второто полувреме, Работнички остана со играч помалку на теренето откако капитенот Демири доби директен црвен картон. Само неколку минути подоцна, Кастанеда го искористи нередот во шеснаесетникот и погоди за водство на Вардар од 2-1.

Победата ја потврди Мато со одличен погодок во 66. минута, кој го постави конечниот резултат – 3-1.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот