фото: твитер

Ван Дајк е најдобриот стопер во историјата на Премиер лигата

Поранешниот капитен на Манчестер сити, Венсан Компани смета дека играчот на Ливерпул е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиер лигата.

Ван Дајк во 2018 година пристигна во Ливерпул за тогаш рекордни 75 милиони фунти од Саутемптон, а минатата година беше еден од најзаслужните за триумфот на „црвените“ во Лигата на шампионите, додека оваа сезона е вистински лидер на одбраната во походот кој титулата во Премиер лигата.

Холандскиот репрезентативец минатата година за влакно остана без Златната топка која на крајот заврши во рацете на Лионел Меси.

– Доколку морам да го изберам најдобриот стопер во историјата на Премиер лигата, би го избрал Ван Дајк. Малку е чудно бидејќи не е толку долго дел од Премиер лигата како Џон Тери, Рио Фердинанд и останатите кои играа далеку подолго  – вели Компани кој сега е играч и тренер на белгискиот Андерлехт.

Поранешниот капитен на „граѓаните“ објаснува зашто се одлучи за Ван Дајк.
– Неговото влијание на екипата е големо, одбранбениот фудбалер освен на својата игра мора да мисли и на комуникацијата со останатите соиграчи и на тоа како тимот да го направи поцврст, подобар. Ливерпул пред Ван Дајк и со него се две сосема поинакви екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!