
В недела прво Државно квиз првенство на Македонија
Првото Државно квиз првенство на Македонија ќе се одржи в недела, со што и официјално ќе биде означен почетокот на новата сезона 2024-2025.
Препорачано
Едно по друго ќе се одржат поединечното и првенството во двојки. Учесниците во поединечна категорија ќе треба во две сеанси од по еден час да одговорат на вкупно 200 прашања од осум теми.
Двојките ќе треба да одговорат на 160 прашања, во две сеанси од по 45 минути, а најдобрите ќе се пресметаат одговарајќи на уште 40 прашања за 30 минути.
Првенството ќе се одржи во просториите на Лабораториум, почнувајќи од 11 часот, а пријавувањето е отворено до недела, со котизација од 200 денари. Заинтересираните квизаџии може да прочитаат детали и повеќе информации на страницата на Македонската квиз асоцијација на Фејсбук.
По прогласувањето на победниците, ќе се одржи и годишното собрание на Македонската квиз асоцијација.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5