
В недела ќе се одбележи милениумски јубилеј на Бигорскиот Манастир (ВИДЕО)
Целата програма на 18 октомври, вклучително и Светата Богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на Манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и видео-екран.
Во недела, на 18 октомври 2020, ќе се одржи главната и централна прослава на милениумскиот јубилеј, односно ќе се одбележат 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.
Препорачано
Централната прослава ќе започне со Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА, а по завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен Архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.
Од страна, пак, на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за илјадалетието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.
За доследно запазување на мерките кои се презедмени поради пандемијата со коронавориусот ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари.
Целата програма на 18 октомври, вклучително и Светата Богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на Манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и видео-екран. На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето маски и одржувањето на потребното растојание, ќе бидат задолжителни.
Целата церемонија ќе може да се прослеси на МТВ, како и на фејсбук страницата и на јутјуб каналот на Бигорскиот манастир.