Сидни Свини / Фото: Michael TRAN / AFP / Profimedia

Уживале во Италија: Сидни Свини повторно видена во друштво на најомразениот човек во музичката индустрија

Бизнисменот и поранешен менаџер на пејачот Џастин Бибер, Скутер Браун, и холивудската актерка Сидни Свини се забележани заедно во Венеција, пренесува „Пејџ сикс“.

Еден обожавател ги снимил додека шетале по уличките на градот во друштво на манекенката Амели Тремблеј.

Свини неодамна ја прекина свршувачката со долгогодишното момче Џонатан Давино. Парот започна врска во 2018 година, а четири години подоцна се верија. Иако речиси целата нивна љубовна приказна ја држеа далеку од очите на јавноста, шпекулациите за раскин почнаа да кружат уште во февруари, кога се дозна дека актерката го одложила венчавањето и почнала да живее одвоено од Давино.


Според блиски извори, причината за разделбата не била недостиг на љубов, туку фокусот на Свини кон кариерата.

„Не е подготвена да се смири. Врската толку долго траеше само затоа што ѝ беше тешко да стави крај“, открил извор близок до актерката.

Од друга страна, Браун зад себе има брак со Јаел Коен, со која беше во брак од 2014 до 2021 година и со која има три деца: синовите Џегер и Леви и ќерката Харт.

Скутер Браун важи за еден од најконтроверзните луѓе во музичката индустрија. Со текот на годините од него се одвоија бројни ѕвезди, меѓу кои Аријана Гранде и самиот Џастин Бибер. Неговото име најчесто се поврзува со конфликтот со Тејлор Свифт, која јавно изјави дека тој без нејзина дозвола ги откупил правата на нејзината музика, нарекувајќи го свој најголем непријател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот