Хрватска полиција
Хрватска полиција/ Фото: ЕПА

Ужас во Загреб: Полицаец 15 години ја силувал и малтретирал неговата партнерка

Загрепски полицаец (46) е уапсен под сомнение дека 15 години ја силувал и ја малтретирал својата невенчана сопруга. Тој е приведен заедно со неговите пријатели на возраст од 59 и 47 години поради сомнение дека сите сексуално ја злоставувале партнерката на полицаецот, со која тој има дете, објавија хрватските медиуми.

Станува збор за кривични дела силување кои оштетената ги пријавила кај истражителите, а бидејќи надлежното загрепско обвинителство предложило мерка притвор во траење од еден месец, дежурниот истражен судија при Жупанискиот суд во Загреб ги испратил сите тројца зад решетки за да не влијаат врз сведоците кои наводно имаат сознанија за страдањата низ кои оштетената поминала со години

Според она што жртвата ѝ го кажала на полицијата, целиот хорор траел од 2010 година до пред неколку недели. Дури тогаш таа конечно собрала храброст детално да раскаже низ што се поминала за време на заедничкиот живот со полицаецот со кој имала дете. Таа се доверила дека освен што сексуално ја злоставувал, ја малтретирал и физички и психички, а ја терал и на сексуални односи со други мажи, како што се неговите кумови и братучеди.

Според кривичната пријава, оштетениот открил и дека ја терал на проституција, а уште пострашно е што знаел да ја малтретира и пред нивното дете. Неговите осомничени пријатели, пак, ја силувале партнерката на полицаецот, а еден од нив, според пријавата, ја претепал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот