Фото: Твитер

Ужас: Во руско гранатирање на Херсон загина брачен пар и нивното бебе родено минатиот месец

Руските сили денеска гранатираа две села во јужната украинска област Херсон, при што загинаа шест цивили, меѓу кои и едно бебе, соопштија украинските власти.

„Брачна двојка и нивното бебе, старо само 23 дена, како и еден маж, загинаа во селото Широка Балка, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.

Второто дете на загинатата брачна двојка, 12-годишен син, е тешко ранет.

Две лица загинаа, а едно лице е повредено во соседното село Станислав, што, според Клименко, дури 12 пати било погодено од артилериски оган.

„Терористите никогаш доброволно нема да престанат да убиваат цивили“, напиша Клименко на каналот Телеграм, постирајќи и две фотографии од оштетени куќи.

„Терористите мора да бидат запрени. Со сила. Тие не разбираат ништо друго“, додаде тој.

Украинската армија во ноември минататра година ја поврати контролата врз западниот дел од областа Херсон, но руските сили и натаму редовно ја гранатираат областа од другата страна на Дњепар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!