Жирокоптер- Фото: Pixabay

„Утва“ прави нов тип авион за Американците

Фабриката за авиони „Утва“ од Панчево развива нов производ – жирокоптер од нова генерација – за американската компанија VaultGyro. Според договорот, „Утва“ е задолжена за целиот процес: од дизајнирање и изработка на прототипови, преку тестови во лет, до сертификација на авионот, пишува Политика.

Овој проект, кој започна со поддршка на „Југоимпорт СДПР“, кулминираше со потпишување на директен договор со американски партнери. Директорот на „Утва“, Александар Петровиќ, истакнува дека во работата ќе се користи и пробен жирокоптер од Америка, со цел да се усвојат нови знаења и технологии, како што се изработка на лопатки на роторот и работа со турбопропелерски мотори.

Жирокоптерот е авион кој ги комбинира предностите на авионот и хеликоптерот. Има пониски трошоци за одржување од хеликоптерот, а воедно обезбедува поголема флексибилност во споредба со авионот, иако не може да полетува и слетува вертикално.

Проектот вклучува развој на три основни верзии на авионот, транспортна верзија за пилот и четири патници или товар, медицински жирокоптер за транспорт на пациенти, со техничари и пилот и луксузна и воена варијанта.
Првичниот буџет за овој проект е неколку милиони. Договорот вклучува и сериско производство на одреден број авиони во Панчево, што ќе овозможи инвестиции во обновување на капацитетот на фабриката. Градежните работи веќе се во тек на објектот од 10.000 квадратни метри.

„Утва“ е, заедно со Грција и Словенија, единствената фабрика за авиони во регионот, а овој проект ќе ѝ овозможи да ги примени најсовремените технологии и да обучи инженерски персонал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот