Утре почесна артилериска стрелба по повод Денот на АРМ

АРМ информира дека утре со почеток во 19 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето 18Август-Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден во 18 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден плотун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот