„Марш за ангелите“ во Кочани / 10 мај 2025 година / Фото: Скриншот

Утре на плоштад „Македонија“ собир за загинатите во Кочани

На плоштадот „Македонија“ во Скопје утре во 20:16 часот ќе се одржи тивок собир за оддавање заедничко сеќавање за загинатите во кочанската дискотека „Пулс“, информираат активистите од иницијативата „Кој е следен?“ и младите од Студентско пленумско движење.

„Не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да се откажеме од борбата за вистината. Кога ќе се соочиме со неправда, да проговориме. Сите треба да истапиме и да бидеме одговорни, на свој начин. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани!“, велат од иницијативите.

Утре (16 септември) се навршуваат шест месеци од пожарот во Кочани, во кој загинаа 62 претежно млади луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот