Татјана Димитровска, фото „Слободен печат“ - Драган Митревски
Татјана Димитровска, фото „Слободен печат“ - Драган Митревски

Утре ќе биде објавен оглас за нов претседател на Антикорупциска

Oгласот за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе биде објавен утре.

Рокот за пријавување ќе трае 10 дена, известија од Собранието на Македонија.

Понатамошните фази од постапката ќе се спроведат согласно роковите и процедурите утврдени во член 12 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Објавувањето на нов оглас за претседател на Државната комисија за спречување корупција доаѓа откако досегашната претседателка Татјана Димитровска на 25 јули депонираше оставка од позицијата во Собранието.

Димитровска поднесе оставка на 25 јули, во која се повика на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, поднесе обвинение против неа за две кривични дела – за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од Државниот завод за ревизија, во нејзино име го положил тестот после кој таа добила сеертификат со највисок степен на доверливост „државна тајна“. Димитровска и овој сертификат  го достави во Антикорупциска и се врати на позицијата помошник државен ревизор.

Од дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за „Слободен печат“ изјавија дека за Димитровска и за ревизорот обвинет дека полагал во нејзино име се вршат дополнителни безбедносни проверки за утврдување на безбедносен ризик, после што Дирекцијата ќе донесе одлука за евентуално одземање на безбедносните сертификати и пред истекот на важење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот