Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Утре ќе биде соопштена пресудата за Милески

Кривичниот суд за утре во 12 часот ја најави пресудата против Зоран Милески, третообвинет во случајот „Рекет“.

Од тројцата обвинети во овој случај, само Милески денеска пред судскиот совет призна вина по однос на обвинителниот акт.

– Бидејќи обвинетиот ја призна вината, предлагам судот да го казни ценејќи ги сите околности – изјави обвинителката Вилма Русковска во завршниот збор во одвоениот процес за Милески.

Александар Новаковски еден од адвокатите на  обвинетиот Зоран Милески рече дека неговиот клиент бил вработен во компанијата на сведокот кој го пријавил ова кривично дело.

Новаковски рече дека со исказот на Милески даден во ОЈО многу се шпекулирало во јавноста.

– Тој е син единец и татко на пет малолетни деца. Таткото на Зоран е болен од карцином, и се надевам дека судот ќе ги цени овие факти, како и неговото признавање на вината – рече Новаковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот