Фото: ЕПА-ЕФЕ

Утре итна неформална средба за Белорусија на Советот за безбедност на ОН

 Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи итен неформален состанок за Белорусија, земјата која е обвинета за пренасочувањето на  патнички авион на компанијата „Рајанер” поради апсење на белоруски опозициски новинар во него, дознаваат дипломатски извори.

-Утре ќе одржиме состанок , изјави еден дипломат за француските медиуми, што го потврдија уште двајца дипломатски извори.

Средбата ќе се одржи виртуелно на барање на Франција, Ирска и Естонија, изјавија дипломатите.

Минск го пренасочи ирскиот патнички авион „Рајанер” на неговата рута од Атина за Вилнус за да го уапси дисидентот кој беше меѓу патниците.

ЕУ ја осуди акцијата и вчера одлучи да го затвори европскиот воздушен простор за авионите од Белорусија и да го санкционира режимот на Александар Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот