Струја штекер / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Утре евтина струја ќе имаат само домаќинствата со сетирани броила

Евтина струја од утре нема да имаат сите домаќинства тука само оние чии броила се сетирани. ЕВН од утре ќе почне да ги сетира броилата, па граѓаните пред да ја користат дневната евтина тарифа треба да проверат дали им е извршено сетирање.

„Електродистрибуција поседува 170.000 броила со далечинска комуникација и 650.000 обични броила кои треба да се сетираат на лице место. Од 1 декември ќе влегува во сила новиот тарифен систем, а тогаш ќе започне и сетирањето на броилата. На екранот на броилата се појавува ознака Т1 за висока тарифа и Т2 за ниска тарифа, што значи дека во зависност од периодот на денот се појавуваат и се активни соодветните ознаки на екранот“, велат од ЕВН.

Корисникот може да препознае дали му е сетирано броилото на евтина тарифа од 13 до 15 часот  доколку му се појави соодветната ознака за евтина тарифа во наведениот временски период. Дневна тарифа на струјата ќе има во периодот од 13 до 15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот