Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Утре без струја делови од Скопје

Според соопштението на РЦУК – Скопје, корисниците ќе бидат без струја поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.

Без струја утре од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Боривое Милошевски“, „Вера Радосавлевиќ“, „Зенден Џемаил“ и објектите кај Кванташки пазар во општина Гази Баба.

Во период од 9:30 до 13:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од село Кондово, како и селата Волково, Кучково, Грачани, Караула Чашка, Радуша, Дворце, Орашје, Рашче, Бојане, Копаница и Свиларе.

Од 10:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат жителите на Бардовци, улица „1687“, од бр.54 до бр.40 во месноста викана Шамак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!