ЈСП
Градски автобуси на ЈСП / Фото: Драган Митрески

Утре бесплатен јавен превоз и ноќни линии поради „Бела ноќ“

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021″. Во функција ќе бидат и дел од ноќните линии – 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В.

Како што информираат од ЈСП Скопје, бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, 25 септември од 18 часот, до 5 часот во недела, 26 септември.

Ноќните линии ќе сообраќаат во недела со следниов возен ред.

ЛИНИЈА 2 – Автокоманда – Сарај.

Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 5 – Дексион – Ново Лисиче.

Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Ново Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 7 – Карпош 3 – Горно Лисиче.

Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Горно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 22 Транспортен центар – Лепенец.

Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 ч

ЛИНИЈА 24 Припор – Тафталиџе 2.

Поаѓање од Припор 01 ч

Поаѓање од Тафталиџе 2 00.15 ч

ЛИНИЈА 41 Транспортен центар – Долно Лисиче.

Поаѓање од Тр.центар 00.20 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Долно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 03.50 ч

ЛИНИЈА 50 Клинички центар – Хиподром.

Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 ч

Поаѓање од Хиподром 01.30 ч, 2.30 ч

ЛИНИЈА 57 Козле – Радишани.

Поаѓање од Козле 00.15 ч, 01.30 ч, 03 ч

Поаѓање од Радишани 00.55 ч, 02.15 ч, 03.35 ч

ЛИНИЈА 65 В Транспортен центар – Стајковци.

*по траса на линија 5 во 00.10 ч од Рекорд до Ново Лисиче

Поаѓање од Тр.центар 00.45 ч до Стајковци

Поаѓање од Стајковци 01.20 ч до гаража во Автокоманда.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот