Топло време - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030.

Се задолжуваат сите министерства, органи на државна управа и други надлежни институции активно да ги спроведуваат мерките и препораките и да ги известат и координираат сите подрачни служби, јавни установи и други правни субјекти во нивна надлежност за спроведување на мерките предвидени во Фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030:

Министерството за здравство, во координација со УХМР и ИЈЗ, редовно да информира за состојбата со топлотниот бран, активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

Во однос на работните услови и заштита на работниците, Владата укажува да се разгледа можноста за одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо, работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно Акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку. Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа, да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина, здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот, и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените, Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица, образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, работодавачите да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25°C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време и да се обезбеди климатизиран јавен превоз за граѓаните во текот на целиот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот