Самка Ибраимовски/ Фото: МИА

Уставни судии добивале закани од Самка Ибраимовски

Лидерот на партијата ПЦЕР и поранешен пратеник, Самка Ибраимовски им се заканувал на уставните судии откако дозволиле изршителите да продолжат да наплаќаат долгови, а заканите ги упатувал преку неговиот фејсбук профил.

Заканите ги пријавил претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, кој очекува надлежните институции во најскоро време да го расветлат случајот, како и сличните закани за кои и претходно алармираа од судот.

Во неговите објави на фејсбук, најспоменувана е судијката Ана Павловска Данева, за кој самиот Ибраимовски негира дека неговите написи против судијката Данева се закани по нејзиниот живот и смета дека како предлагач на законот за извршување има право да го критикува судот.

„Ако сум спомнал некого, не сум спомнал со закана по живот, ако ги погодува моето пишување тоа е нивен проблем. Имам демократско право да пишувам како предлагач на законот, лидер сум на сиромашна партија која е заглавена со извршителите и бараме спас и начин како да се ослободат тие луѓе на кои 3 до 4 пати им ги наплатуват долговите“ – изјави Ибраимоски.

За заканите кон судиите, прва алармираше поранешната претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска која на истекот на нејзиниот мандат на информираше дека трпела закани речиси секој ден, но дека дури неодамна се одлучила за тоа да ја алармира полицијата.

Покрај закани, Кацарска била жртва и на физички напад а претходно таа пријави во полиција дека е загрозена нејзината сигурност, откако пред паркингот каде било паркирано нејзиното возило, пронашла импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот