Седница на Уставен суд / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Уставен одлучи: Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се одржи на 20 март

Утврдена е и листа на учесници, односно на подготвителната седница ќе бидат поканети околу 40 професори, експерти и судии. На седницата ќе бидат поканети и претседателот на Врховниот суд, како и претседателите на четирите Апелациски судови, вели уставниот судијаОсман Кадриу

Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март, договориле уставните судии на денешниот работен состанок на кој се утврдени и спорните прашања од законот, како и листата на експерти, професори и судии коишто ќе приссуствуваат на седницата, вели уставниот судија Осман Кадриу во изјава за „Слободен печат“.

На денешниот работен состанок Уставниот суд бил во целосен состав, односно во работата учествувале и судиите Осман Кадриу, Насер Ајдари и Фатмир Скендер.

Според Кадриу и на подготвителната седница за законот за јазиците се очекува да учествуваат сите девет судии на Уставниот суд, откако претходно тројцата судии ја бојкотираа седницата на Уставен за Законот за јазиците.

Според информациите од судијата, денеска буиле утврдени седум, односно осум спорни прашања за кои судиите и експертите по уставно право, по меѓународно право и човекови права ќе расправаат на подготвителната седница.

-Утврдена е и листа на учесници, односно на подготвителната седница ќе бидат поканети околу 40 професори, експерти и судии. На седницата ќе бидат поканети и претседателот на Врховниот суд, како и претседателите на четирите Апелациски судови. По подготвителната седница ќе треба околу еден месец да се изготви извештај, односно реферат – вели Кадриу.

По ова се очекува Уставниот суд да расправа за уставноста на Законот за употреба на јазиците – вели Кадриу.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски на годишата прес конференција рече дека околу 20 март ќе се одржи подготвителната седница откако Венециската комисија на 17 или 18 март јавно ќе го објави т.н. пријателски совет за законот. Костадиновски изјави дека подготвителната седница ќе се одржи дури и ако судиите Албанци ја бојкотираат, бидејќи за работа на судот се потребни најмалку пет судии.

Подготвителната седница за Законот за јазиците, ако треба, ќе се одржи и без судиите Албанци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот